ООН: Бројот на гладните во светот зголемен за 40 милиони

Организацијата на обединетите нации (ООН) денеска соопштија дека бројот на луѓе кои немаат доволно храна на дневна основа достигна рекорд минатата година. Тие предупредија дека ситуацијата може да се влоши поради војната во Украина, што ќе има последици за глобалното производство на храна, лошите временски услови и економските последици од пандемијата на корона вирусот.

Според ООН, бројот на неухранети луѓе минатата година растел од ден на ден и се зголемил за 40 милиони за една година, што го потврдува „загрижувачкиот тренд“ на раст.