Организацијата на Обединетите нации (ООН) предупреди дека војната во Украина сериозно влијае на способноста да ја достават итно потребната храна во земјите ширум светот бидејќи голем дел од неа е заглавена во украинските пристаништа.
– Во моментов, речиси 4,5 милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа и на бродови и не можат да се користат, изјави директор на Светската програма за храна на ОН (WFP) во Германија, Мартин Фрик.
Извозот на храна е исклучително тежок бидејќи украинските пристаништа и поморските патишта се недостапни поради руската инвазија.