На денешниот студентски митинг драстично е намален бројот на поддржувачи од предтходните два. Денеска можеме да видиме од 1.500 до 2.000 студенти, за разлика од вториот протест каде бројката беше помала од 8.000 лица.
Со самото намалување на бројот на студнети кои ги поддржува протестите претходните два пати се покажува дека тие се политички, а не образовни мотивирани. ИНтересен е и моментот на создавање на Професорски пленум каде членуваат само истакнати борци на опозицијата. Пораките кои се слушаат за време на протестите се повеќе политички отколку образовни.
Во првите борбени линиии можат да се забележат ни помалку ни повеќе единствено видни лица на СДСМ, СОРОС и професори кои се блиски до опозицијата.
Повеќе од очигледно е дека и зад овој протест стои опозицијата која води погубна политика за себе. Повеќе од јасно е дека и денешните таканаречени „студентски протести“ се финансирани од СОРОС.
На денешниот, слободно може да се нарече опозициски митинг, повеќе се зборува за демократија, слобода, фотелји, правди, зборови кои секојдневно се употребуваат од опозициските челници и кои се користат како нивни слогани, а не за државниот испит и високото образовани.
На крајот се поставува прашањето, ако и овие протести опозицијата ги отфрли дека не стои во нивната заднина, кој тогаш платил за бина, озвучување, автобуси, кога Студентскиот пленум едвај се организираше студентите со себе да носат свирчиња и барабан?