При редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од страна на Овластениот инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров на ден 10.10.2023 година лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на територија на Општина Ѓорче Петров во количина од проценети околу 500 до 600 тони, информираа од Државниот инспекторат за животна средина.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,
10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад.
На сликата подолу е претставена микро локацијата на нелегалното одлагалиште.
Според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, Овластениот инспектор за животна средина по службена должност започна инспекциска постапка и при тоа издаде решение на ден 18.10.2023 година со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели КП 247 КО Орман – с. Орман и КП 248/3 КО Орман – с. Орман на соодветна за тоа локација во рок од 30 дена од денот на приемот на решението“.