
Австриската полиција од раните утрински часови спроведува голема акција против меѓународниот тероризам во Грац, Линч и Виена, а главниот осомничен е од Босна и Херцеговина.
Главниот осомничен е татко на пер деца, кој важел за портпарол на европскиот огранок на Исламската држава и кој врбувал муслимани за да одат во џихад.
Околу 500 припадници на полицијата, меѓу кои и специјалната единица „Кобра“, влегле во станови, џамии и други исламски установи. Се работи за финансирање, но и регрутирање на џихадисти за ИД.
Акцијата започнала утрово околу 4 часот, а ја води Службата за зачувување на уставниот поредок и борба против тероризмот. Австриското министерството за внатрешни работи очекува реакција од радикалните екстремисти поради ова апсење поради што е прогласен највисок степен на приватност.
На акцијата на полицијата и претходело долгогодишно прислушкување, за кое медиумите тврдат дека е најголемо во целата австриска историја.
Државното тужителство издало околу 20 налози за апсење под обвинение за членство во терористички здруженија и наложи претрес на 40 објекти.