„Опенхајмер“ и „Клетници“ добија Златни глобуси за најдобри филмови

Историската драма „Опенхајмер“ и комедијата „Клетници“ ги освоија Златните глобуси за најдобар филм во неделата, а ѕвездите на овие филмови Килијан Марфи и Ема Стоун ги освоија наградите за најдобри актеи.

Околу 300 новинари, кои гласаа за најдобрите филмови за минатата година, го прогласија „Опенхајмер“, приказната за развојот на атомската бомба, за најдобра драма.

Филмот „Клетници“ (Кутрите суштества – Poor Things), со Ема Стоун во улогата на почината жена којашто ја оживуваат научниците, ја освои, пак, наградата за најдобар филмски мјузикл или комедија, победувајќи го минатогодишниот најголем хит на кино-благајните „Барби“.

Маестрално визуелизираната биографската драма за животот на Роберт Опенхајмер на британскиот режисер Кристофер Нолан доминираше во сите значајни категории на годинашните глобуси. Опенхајмер очекувано го освои златниот глобус за најдобар филм во категоријата драма, а Кристифер Нолан го освои златниот глобус за режија во филм, во силна конкуренција со Мартин Скорцесе и Јоргос Лантимос.

Килијан Марфи го освои Златниот глобус за машка улога, иако големи шанси во оваа категорија му се даваа и на Бредли Купер за „Маестро“, додека неговиот колега од кастот во Опенхајмер Роберт Дауни Џуниор го освои Златниот глобус за споредна машка улога. Лудвиг Горансон го освои златниот глобус за музика со што „Опенхајмер“ освои пет Златни глобуси.

„Убијци на цветната месечина на Мартин Скорцесе освои еден Златен глобус, и тоа Лили Гледстоун за главна женска улога.  Во категоријата мјузикл или комедија за најдобар филм на годината беше прогласен „Кутри нешта“ на Јоргос Лантимос, а Ема Томсон во категоријата главна женска улога го освои вториот златен глобус за филмот на грчкиот режисер.
„Барби“, исто така, освои два златни глобуса, но само во споредните категории. Барби ги освои глобусите за најдобра песна во филм и во новата категорија успех на Бокс офисот. Златен глобус за најдобра актерка во драма го освои Лили Гладстон за улогата во филмот „Убијци на цветната месечина“, додека најдобар актер во комедија го прогласи Пол Џамати за улогата во филмот „The Holdovers“.

Кристофер Нолан е прогласен за најдобар режисер за режија на „Опенхајмер“, а Роберт Дауни Џуниор, кој во тој филм го играше непријателот на Опенхајмер, ја доби наградата за најдобра споредна машка улога.

Четвртата и финална епизода на серијата „Саксешн“ на HBO ги освои сите Златни глобуси во категоријата серија за телевизија. Серијалот очекувано го освои Златниот глобус за најдобра драмска серија во 2023, а целата актерска екипа ги освои глобусите и за актерство во серија.

Киеран Калкин го освои златниот глобус за најдобра машка улога во категоријата драмска серија во силна конкуренција во која беа номинирани и Гери Олдман за „Бавни коњи“ и неговите двајца колеги од Саксешн Брајан Кокс и Џереми Стронг.

Сара Снук го освои златниот глобус за најдобра женска улога, а целосната доминација на Саксешн на златните глобуси ја потврди шкотскиот актер Метју Мекфајдиен кој го освои златниот глобус за споредна машка улога во драмска серија.

Златниот глобус во категоријата мјузикл или комедија го освои „Мечката“ на ФХ, а во категоријата кратка серија златниот глобус го освои „Биф“ на Нетфликс.

Рики Џервејс го освои златниот глобус во нововостановената категорија Стенд-ап комедија за телевизија.

Златните глобуси се првите големи награди што се доделуваат годинава и се најава за она што треба да се очекува и на оскарите.

Да’Вајн Џој Рендолф го освои глобусот за најдобра споредна женска улога во „The Holdovers“.

За најдобар странски филм е прогласена француската драма „Анатомија на падот“, која ја доби и наградата за најдобро сценарио.

Наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Момчето и чапјата“.

Во телевизиските категории за најдобра драма е прогласена серијата „Наследство“, додека „Мечка“ ја доби наградата за најдобра ТВ комедија.

 

Оваа церемонија ја започна годишната сезона на награди во Холивуд, која кулминира со Оскарите на 10 март. Наградите Златен глобус ги собраа водечките филмски и телевизиски ѕвезди првпат по шестмесечните штрајкови на актери и писатели минатата година.