„Опенхајмер“ води во номинациите за наградите BAFTA

Историската драма за создавањето на првата атомска бомба „Опенхајмер“, еден од филмовите со најголема заработка минатата година, ги предводи номинациите за филмските награди на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (British Academy of Film and Television Arts – BAFTA) кои ќе бидат доделени на 18-ти февруари во Лондон.

Како што објави во четвртокот агенцијата Reuters, по „Опенхајмер“, на листата на номинации се наоѓа филмот „Кутрите суштества“ (Клетници) со 11 номинации.

Филмот на ветеранот Мартин Скорсезе „Убијците на цветната месечина“, за убиствата на припадниците на народот Осага, како и филмот „Зона на интерес“ за семејство коешто живее крај нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, добија по девет номинации.

Остварувањата „Опенхајмер“, „Кутрите суштества“ и „Убијците на цветната месечеина“ ќе конкурираат и за главната награда за најдобар филм, покрај судската драма „Анатомија на падот“ и „Холдоверс“, комедијата чиешто дејствие е сместено во интернат за момчиња.

Феноменот „Барби“, филмот со најголемата заработка во минатата 2023 година, изостана од оваа категорија, но доби пет номинации.

„Опенхајмер“ е фаворит на целата годинешна сезона на доделувањата на филмските награди, веќе освои неколку, влучително и пет Златни глобуси.

Килијан Марфи е номиниран во категоријата главна улога за наградата на BAFTA за најдобар актер за неговото портретирање на научникот Роберт Опенхајмер. Неговите колеги од сетот, Роберт Дауни помладииот и Емили Блант се номинирани во категоријата на споредни улоги. Кристофер Нолан е номиниран за најдобра режија и за најдобро адаптирано сценарио.

„Не можам да бидам посреќен поради тоа што Британската академија им оддаде признане на толкав број мои соработници на ‘Опенхајмер“, особено на Крис Нолан“, рече Марфи.

Ема Стоун е номинирана за главна женска улога за филмот „Кутрите суштества“. Ѝ конкурираат Маргот Роби за „Барби“, Кареј Малиган за „Маестро“, Фантасиа Барино за „Пурпурна“. Вивиен Опара за „Рај Лејн“ и Сандра Хулер за „Анатомија на падот“, којашто исто така е номинирана и во категоријата најдобра споредна актерка за „Зона на интерес“.

Добитничката на Златниот глобус, Лили Гладстоун, која се смета за силна кандидатка за Оскар за најдобра актерка, не е номинирана за ролјата во „Убијците на цветната месечина“, како ниту Мартин Скорсезе за наградата за најдобар режисер.

Покрај Марфи, за наградата за главна машка улога номинирани се и Бредли Купер за „Маестро“, Бари Киоган за „Салтбрн”, Колман Доминго за „Растин“, Пол Џијамати за „Холдоверс“ и Тио Ју за „Минати животи“.

Ниту еден од кандидатите за најдобар режисер досега не ја освоил наградата на BAFTA, а четвориц од шестмината се првпат номинирани. Тоа се Џонатан Глејзер за „Зона на интерес“, Алесандер Пејн за „Холдоверс“, Ендрју Хејг за мистериозната драма „Сите ние странци“ и Џастин Триет за „Анатомија на падот“.

Џастин Тиет е единствената жена на овој список, откако изостана Грета Гервиг, режисерката на „Барби“, на чудење на многу филмски критичари.

„Одлично е да се види дека Грета е номинирана за (оригинало) сценарио, како и дека Маргот и Рајан се номинирани“, изјави за Reuters Сара Пат, претседателката на BAFTA, зборувајќи за номинацијата на Рајан Гослинг во категорјата најдобар актер на споредна улога.