Опера ангажира „режисерка за увежбување интимни сцени“

Оперската куќа „Gran Teatre del Liceu“ од Барселона ангажираше „режисер за увежбување интимни сцени“ за да се осигури дека изведувачите се чувствуваат удобно да вежбаат некои страсни сцени, што е првпат во Шпанија и реткост во Европа.

Одлуката е донесена откако движењето #MeToo ја потресе филмската индустрија, но и светот на операта поради обвинувањата за сексуално вознемирување.

Режисерката на таквите сцени, Ита О’Брајан, ќе ги надгледува пробите на адаптацијата на драмата на Вилијам Шекспир, „Антониј и Клеопатра“, која премиерно ќе биде изведена во оперската куќа „Gran Teatre del Liceu“ на 28. октомври.

О’Брајан, кој претходно ги советуваше продукциите на HBO и Netflix кога станува збор за снимање и увежбување интимни сцени, рече дека оперските либрета отсекогаш се „вртеле“ околу драматични приказни и дека изведувачот обично пристигнувал во градот само неколку дена пред премиерата од него не се очекувало да се разговара за интимните сцени што треба да ги одиграат.

„Поради отсуството на тој важен процес на договор и потребната согласност, луѓето имаат тенденција да се чувствуваат непријатно, вознемирени и апсолутно злоупотребени“, вели О’Брајан.

О’Брајан има 40-годишно искуство во советување оперски и театарски актери, како и актери на филмски сетови. Таа е основач на компанијата „Intimacy On Set“, која обезбедува поддршка во ТВ, филмската и театарската индустрија кога станува збор за голотијата, сексуалните содржини и снимањето интимни сцени.

На пробите, таа обично ги поканува изведувачите да се „поврзат со прегратка“ и потоа да разговараат за тоа каде им е удобно да се допираат и кога им е непријатно да се допираат.

„Бараме од изведувачот да ни ги открие своите граници и мислам дека тоа е голема промена во оваа индустрија“, вели О’Брајан. „Твоето да значи да, твоето не значи не, а твоето може да значи не“, појасни таа.

На неодамнешната проба, О’Брајан проверуваше дали мецосопранистката Адријана Бињањи Леска, која ја игра слугинката на Клеопатра, Шармион, се чувствува удобно да бакнува друга жена во уста и ги надгледуваше сцените во кои оперскиот пејач што го глуми Антониј ја прегрнува Клеопатра.

Леска смета дека секоја опера треба да има режисер кој се грижи за вежбање или снимање интимни сцени. „Тоа ни овозможува да комуницираме едни со други и да се чувствуваме удобно во сите сцени“, вели таа.

Режисерите задолжени за интимни сцени претходно биле користени во продукција на телевизиски емисии и опери во САД и Велика Британија.

Несаканиот бакнеж во усните на играчка од страна на поранешниот прв човек на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, во август предизвика огромна бура и предизвика национално преиспитување во земјата кога е сексизмот во прашање.