Операцијата за длабока стимулација на мозокот му го врати животот

Пред 12 години, Јани Балта, адвокат од Албанија на 71-годишна возраст, почнал да забележува треперење на прстите и раката. Неврологот што го консултирал му дијагностицирал Паркинсонова болест. Со текот на годините, болеста постепено напредувала, достигнувајќи до момент кога за Јани било предизвик да функционира без помош. Неговиот зет се обратил до Здравствената групација „Аџибадем“ во Истанбул, Турција, со надеж дека ќе го врати квалитетот на животот на Јани.

На почетокот на Паркинсоновата болест, симптомите на Јани првично били ограничени на треперење на рацете. Меѓутоа, со текот на времето, тој почнал да доживува дополнителни симптоми, како потешкотии во одењето, нестабилност, забавени движења на телото, помали чекори и пад на мануелната спретност. И покрај овие предизвици, Јани ги олеснувал симптомите со помош на лекови, што му овозможило да продолжи со секојдневните активности колку што е можно повеќе. Како што напредувала Паркинсоновата болест, Јани се соочувал со нови симптоми како вкочанетост во мускулите. Тој, исто така, се справувал со епизоди на замрзнување додека се движел, заедно со сé поголемиот предизвик да иницира движење без помош. Покрај тоа, лековите ја загубиле ефикасноста, овозможувајќи му олеснување само еден час по примањето. Јани издржал речиси три години живеејќи со овие симптоми.

„Се знаеме 20 години и живееме заедно како семејство. Јани ми е како татко и се грижиме еден за друг. Во текот на изминатите години, како што неговите симптоми се прошируваа и се интензивираа, тој сметаше дека е сè поголем предизвик да одговори на неговите дневни потреби или да учествува во општествени активности. Таа состојба не беше тешка само за него, туку и за членовите на семејството кои постојано му обезбедуваат грижа и поддршка“, објаснува Гентијан Дренова, зетот на Јани.

Семејството на Јани дознало за болницата „Аџибадем“ во Турција и достапните опции за лекување што им се нудат на пациентите со Паркинсонова болест. Тие дознале за операцијата за длабока стимулација на мозокот (ДБС), техника која нуди потенцијал за ублажување на симптомите поврзани со Паркинсоновата болест. Охрабрени од оваа перспектива, сопругата, ќерката и зетот на Јани донеле одлука да се обратат до болницата „Аџибадем“. Тие ги испратиле до болницата неговиот медицински извештај и видео на кое се прикажани неговите тресења. Со тој првичен чекор, започнало патувањето за лекување на Јани во болницата „Аџибадем“.

„По откривањето на болницата ’Аџибадем’ и хируршкиот третман, се возбудивме. Верувавме дека таа операција може да даде позитивни резултати и да ја врати младешката енергија што Јани отсекогаш ја поседувал, но ја загуби последните години“, рече Гентиан.

Длабока стимулација на мозокот за Паркинсонова болест

Денес, не постои лек за Паркинсоновата болест, но кај некои пациенти може да се сменат симптомите на Паркинсоновата болест. Операцијата ДБС, техника која нуди потенцијал за ублажување на симптомите поврзани со Паркинсонова болест, опфаќа поставување на жичена електрода во одредена област на мозокот и стимулатор под клучната коска што испраќа електрични импулси до електродата, така што се овозможува регулирање на абнормални електрични сигнални модели во мозокот.

Постапката помага да се врати контролата врз движењата и нормалниот живот со намалување на приближно 80 проценти од тресењето. Кај пациентите со Паркинсонова болест се постигнува значително намалување на вкочанетоста на мускулите за 70 проценти, како и подобрување на способноста за одење за 50 проценти.

Враќање во живот

„Јани Балта страдаше од идиопатска Паркинсонова болест повеќе од дванаесет години, соочувајќи се со вкочанетост на мускулите, тешкотии при одење и тремор на рацете. Откако заедно со нашите експерти за неврологија направивме темелна евалуација, која се состоеше од невролошки и невропсихолошки испитувања и скенирање со магнетна резонанца, утврдивме дека тој е добар кандидат за операција за длабока стимулација на мозокот и ја изведовме“, објаснува професорот Сабанџи.

Неколку дена по операцијата, стимулаторот беше активиран со далечински управувач, сличен на оние што се користат за телевизорите. По прилагодувањата на поставките за ДБС со цел да се постигне оптимално симптоматско подобрување, брзо се воочи извонредно олеснување. Беше очигледно дека вкочанетоста во мускулите се намали, способноста за одење се подобри, а треперењето се намали. Неговите способности за движење се очекува да се подобруваат уште повеќе, а симптомите на болеста постепено да се намалуваат во наредните месеци. Јани беше крајно благодарен за грижата и поддршката од сите околу него. „Во болницата ‘Аџибадем’ сме речиси две недели, и сè околу болницата и моите лекари е одлично. Благодарен сум за сè што направи за мене целиот персонал на болницата“, изрази благодарност Јани.

Гентијан Дренова, зетот на Јани, сподели новости за неговата состојба по операцијата, наведувајќи: „Состојбата на Јани се подобрува од ден на ден, а сега му оди исклучително добро. Многу сме задоволни од процесот. За неколку дена ќе се вратиме во Албанија, и возбуден сум што ќе бидам сведок на реакциите дома кога ќе видат значително подобрување на здравјето на Јани. Неверојатно сме среќни за Јани, бидејќи тој повторно ќе има можност да ужива во едноставните задоволства на животот“.

„Аџибадем“ здружува невролози, неврохирурзи и невропсихолози кои се пионери во лекувањто на Паркинсоновата болест. Секоја година стотици пациенти од целиот свет се пријавуваат за лекување на Паркинсоновата болест во „Аџибадем“.

Веб: www.acibadem.mk

Контакт: [email protected]