Операциите во Украина не се нарушени со бунтот на „Вагнер“, изјави Шојгу

Неодамнешниот еднодневен бунта на борците на приватната воена компанија „Вагнер“ не се одразила на руската „специјална воена операција“ во Украина, изјави во понеделникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу што е неговото прво појавување во јавноста по бунтот со кој шефот на паравојската Евгениј Пригожин го бараше токму неговото заминување од позицијата.

Ноќта кон 24-ти јуни борците на „Вагнер“ влегоа го штабот на Јужниот воен округ во градот Ростов на Дон, на самата граница со Украина, а нивниот шеф Евгениј Пригожин во обраќање на социјалните мрежи побара разговори и смена на министерот за одрбана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валриј Герасимов, обвинувајќи ги за некомпетентност за водење на воените операции во Украина и за корупција.

Откако претседателот Владимир Путин во обраќање до нацијата го осуди потегот на Пригожин како предавство насочен против руската држава, колона на „Вагнер“ се упати кон Москва. Истиот ден вечерта, Пригожин објави дека конвојот на паравојската стасал на 200 километри од руската престолнина, но дека се враќа назад, по договорот пшпостигнат со посредство на белорускиот претседател Александр Лукашенко.

Шојгу во понеделникот повтори дека целта на бунтот било дестабилизирање на Русија, но истакан дека бунтот не успеал поради лојалноста на руските војници и дека тоа немало никави последици на ситауцијата на боиштето.

„Провокацијата не се одрази на активностите на воените групации коишто учествуваат во операцијата“, изјави Шојгу на состанокот на колегиумот на Минисерството за одбрана.

Западните медиуми укажуваат дека на фотографијата којашто ја објави руското министерство не се забелажува генералот Герасимов, кој во јавноста не се појавил од бунтот.

Новинската агенција ТАСС го цитира рускиот пратеник., генерал-полковникот Андерј Картаполов, кој претходно во понеделникот изјавил дека „нема да биде потребен нов бран мобилизација“ и покрај тоа што единиците на „Вагнер“ се повлечени од боиштето.

Истовремено во понеделникот „Вагнер“ преку своите Telegram канали, за кои претходно имаше информации дека се затворени, објави дека ги „замрзнува“ нови регрутации до следниот месец. „Вагнер“ истакнува дека регрутацијата се одложува сè додека не се дислоцираат борците оние кои не потпишале договор со министерството за одрана во Белорусија, каде е во егзил лидерот Евгениј Пригожин, по неуспешниот бунт во Русија.

„Согласно досегашното неучество на борците на групата ‘Вагнер’ во специјалната воена операција и поради преместувањето во Белорусија, во моментов ја прекинуваме регрутацијата за еден месец’, се наведува во соопштението.

Сè уште е непознато дали Пригожин е во Белорусија, или како што објавија некои медиуми, на тајна локација во Русија за тајни преговори со руски функционери.