Опожарена семејната куќа на Владо Мисајловски

Опожарена е семејната куќа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ѓорче Петров и ексминистер за транспорт и врски, Владо Мисајловски. Куќата се наоѓа на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, а веднаш до неа е објектот на фурната на семејството Мисајловски.

Пожарот избувнал околу 9 часот, по што од оганот биле зафатени покривот и горниот кат на куќата. Засега не се познати причините за несреќата.

„Во 9.15 добивме повик, веднаш е интервенирано со 7 возила. Зафатена е покривната конструкција и горниот кат. Навремено е интервенирано и спречено ширење на пожарот. Сѐ уште не знаеме кои се причините за пожарот, екипи на МВР треба да излезат и да направат увид“, вели Звонко Томески, командир на Противпожарната бригада на Скопје.