Опожарено „ауди“ во близина на трговскиот центар Лептокарија

Луксузен автомобил на скопјенец и опожарен ноќта кон понеделникот во близина на трговскиот центар Лептокарија во скопската општина Карпош, информираше Минситерството за внатрешни работи, а причините за инциеденто сѐ уште не се познати.

Патничко возило „ауди Q-5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 45- годишниот Т.Б.  од Скопје од засега непознати причини било опожарено рано изутрината околу 03,15 часот на улицата „Никола Русински“.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.