Рано утрото во неделата било опожарено возилото на поранешниот директор на Bирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски – Радникот.
Според информациите во полицискиот билтен, околу 5 часот во МВР било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ пред трговскиот центар „Три бисери“ имало опожарено патничко возило „нисан навара“ со скопски регистарски ознаки.
Според првични неофицијални информации наводно врз џипот бил фрлен „молотов коктел“.
ЉупчоТтодоровски – Радникот, долги години ја извршуваше функцијата директор на Бирото за јавна безбедност за време на претходната власт, а се занимаваше и со научно-наставна работа на факултетот за безбедност. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.