Изгорени се неколку куќи во светиниколското село Немањици, во пожарот што почнал попладнево меѓу селата Орел и Немањици, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.
Во оваа село куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух.
Владев вели дека во селото Немањици има околу 50 жители, но во него има и викендици.
Ветерот прави сериозен проблем и го отежнува гаснењето на пожарот.