Опожарено возило во Прилеп

Изгаснат пожарот на велешката депонија

Утринава околу 03,30 часот во Прилеп, на ул.„Димо Нареднико“ од страна на непознат сторител било опожарено патничко моторно возило „Хјундаи“ со прилепски регистерски ознаки.

Како што информираат од МВР, возилото сопственост на Д.Ч. било паркирано.

Од страна на противпожарна екипа пожарот е изгаснат.

Во текот на денешниот ден ќе биде извршен увид при што ќе биде утврдена материјалната штета.