Автомобил марка „Ауди“ со велешки регистарски таблички било опожарено околу 4 часот утринава.
Пожарот кој го зафатил задниот дел од автомобилот, веднаш бил локализиран од екипа на ТППЕ- Велес. За среќа, нема повредени во инцидентот.
Полицијата работи на утврдување на причината за пожарот.