Опозицијата ги проблематизира резултатите од првиот круг од изборите во Франција

Жан-Лук Меланшон

Опозициската левичарска коалиција Нов народен еколошки и социјален сојуз (Nupes), предводена од Жан-Лук Меланшон се сомнева во точноста на податоците од министерството за внатрешни работи за резултатите од првиот круг од француските парламентарни избори одржан во неделата, пренесува во понеделникот телевизискиот канал BFMTV.

Во прилогот се потсетува дека според прелиминарните податоци по завршувањето на гласањето во неделата вечерта, левичарската коалиција којашто ја сочинуваат движењето Непокорна Франција, Социјалистичката партија, Француската комунистичка партија и унијата „Европа – Екологија – Зелени“ е во незначителна предност пред коалицијата „Заедно“ (Ensemble!) на претседателот Емануел Макрон.

Меѓутоа, според податоците на министерството за внатрешни работи, кое е задолжено за спроведување на изборите, во мала предност сепак е коалицијата предводена од Макрон.

Според податоците на дневниот весник Le Monde, кој направил своите пресметки на резултатите, левицата во првиот круг освоила 26,1 отсто од гласовите а владејачкиот блок 25,8 отсто. Тоа е во спротивност со податоците соопштени од министерството, според кои блокот на Мелнашон освоил 25,66 а блокот на Макрон 25,75 отсто од гласовите.

„Тоа не се точни бројки, бидејќи не ги земаат предвид кандидатите коишто ние ги поддржавме“, изјави Алекси Корбиер коментирајќи ги податоците на министерството за внатрешни работи.

Според аналитичарот на BMFTV, Филип Корбе, несовпаѓањето во бројките се објаснува со фактот дека министерството за внатрешни работи одделно ги обработувало гласовите за регионалните кандидати во прекуокеанските департмани, иако овие кандидати однапред најавиле дека имаат намера да се приклучат Nupes.

Лидерот на Непокорна Франција, Меланшон од свој посочи на конкретен пример за „манипулација со изборните резултати“.

„Жан-Ју Ратенотн, кол водеше во изборната единици Реунион, е член на нашата пратеничка група во Националното собрание веќе пет години. Меѓутоа, (министерот за внатрешни работи Жерал) Дарманен го вброи како ‘другата левица’“, истакна на својот Twitter профил Меланшон.

Коалицијата на францускиот претседател Емануел Макрон „Заедно“ (Ensemble!) во првиот круг од парламентарните избори во неделата освои 25,71 отсто од гласовите, додека левичарската коалиција „Нов народен еколошки и социјален сојуз“ (Nupes) на Жан-Лук Меланшон освои 25,61 отсто од гласовите, според податоците на француското министерство за внатрешни работи по обработката на 100 отсто од изборниот материјал.

Третото место според освоените гласови го освои десничарската партија Национален собир на Марин Лепен со 18,7 отсто, а четвртопласирана е конзервативната партија Републиканци со 10,4 отсто, а крајно десната партија Реконквиста на Ерик Земур е на петтото место со 4,2 отсто од гласовите, но тој резултат практично не овозможува шанси за пратекички мандати. Другите партии и коалиции не успеаја да го минат лимитот од 4 отсто под гласовите.

За квалификување во вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 19-ти јуни, кандидатите на коалициите мораа да освојат најмалку 12,5 отсто од гласовите на запишаните гласачите регистрирани во нивната изборна единици.

За изборите во континентална Франција и во прекуокеанските департмани беа формирани 577 окрузи, од кои секој парламентарец обезбедува мандата во долниот дом на парламентот. Во 572 изборни единици, каде ниеден од кандидатите не успеа да го освои потребниот број гласови за победа во првиот круг, распределбата на мандатите ќе се дознае по вториот круг кој ќе се одржи на 19-ти јуни,