На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров, повторно се докажа дека Александар Наумоски и советничката група на СДСМ одработуваат единствено за партиски цели и ситуирање на партиски војници, а не во корист на жителите на Ѓорче Петров, истакна Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.
„На денешната седница се гласаше за буџетот на општина Ѓорче Петров за 2021 година, кој повторно се покажа како неразвоен и недомаќински и токму поради тоа Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против. Гласавме против, бидејќи три години дававме поддршка на буџетот со надеж дека ќе се реализираат проекти за доброто на граѓаните на Ѓорче Петров, но ништо од ветеното не се реализираше. ВМРО-ДПМНЕ гласаше против буџетот кој е последен во мандатот на Наумовски и СДСМ, бидејќи во него не само што нема ниту еден развоен проект од корист на граѓаните, туку има 200.000 евра за партиски вработувања, 400.000 евра за партиски агенции за обезбедување и 30.000 евра за јадење и пиење на Наумоски“, рече тој.
Советникот порача дека жителите на оваа скопска општине не заслужиле ваков третман од локалната власт, бидејќи Ѓорче Петров, како што рече Апостолоски, треба да прерасне во модерна и развиена општина, во која граѓаните ќе имаат силно здравство, нови спортски објекти за младите, квалитетна инфраструктура и уште многу работи кои на ѓорчепетровци ќе им го олеснат секојдневното функционирање и живеење.
„ВМРО-ДПМНЕ оцени дека ова е буџет во кој главна цел на Александар Наумоски и СДСМ е да се крадат народните пари и богатење на Наумоски и блиските соработници. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров не ги поддржа ваквите политики на Наумоски и гласаше против овој срамен буџет“, заклучи советникот