Молдавската опозиција има докази за фалсификат на претседателските избори во Молдавија при гласањето на избирачките места во странство, изјави во понеделникот челникот на прорускиот блок Победа, Илан Шор за телевизијата Россия 24.
„(Маја) Санду не победи на гласачките места во странство. Ние го знаеме тоа. Поседуваме факти за масовни фалсификати кои ги организираше Сану на избирачките места во странство“, изјави Шор кој под притисокот од Кишињев живее во егзил во Русија.
Шор, кој е осуден на затвот во отсуство за наводна измама и кражба што тој го отфрли и го оспорува како политички притисок, беше обвинуван од Санди дека наводно се обидел да плати мрежа од најмалку 130.000 гласачи за да гласаат „против“ референдумот за ЕУ и да го поддржат „нашиот кандидат“ на изборите, на првиот круг пред две седмици.
Шор во изјавата за руската телевизија додаде дека имало случаи на превезување на гласачи до избирачки места и преместување на гласачки кутии со полни гласачки ливчиња, како и пречки во работата на набљудувачите на опозицијата.
„Европа ги затвори очите пред ова“, рече Шор алудурајќи на изјавите на челниците од Европската унија коишто во понеделникот го поздравија вториот мандат на пророманската и прозапана молдавска претседателка Санду.
Според него, затоа Санду загубила во областите во Молдавија, а нејзината предност е остварена благодарение на податоците од избирачките места во западна Европа чиј броји беше остро зголемен пред изборите. Шор притоа потсети дека се отворени само две избирачки места за големата молдавска дијаспора ширум Русија, за што сведочеа снимките од големите редици Молдавци пред амбасадата во Москва.
Според Централната изборна комисија на Молдавија, по обработката на 100 отсто од протоколите, Санду победила со 55,33 отсто од гласовите, а нејзиниот противкандидат, кандидатот од опозициската Партија на социјалистите, поранешниот јавен обвинител Александар Стојаногло, добил 44,67 отсто од гласовите.
Кога станува збор за резултатите од гласачките места во самата Молдавија, Стојаногло освоил 51,19 додека актуелната претседателка Санду 48,8 отсто. Санду, како и во првиот круг, пресвртот во резултатите го направи доцна ноќта кога пристигнаа гласовите од странство, при што таа освоила 74,13 а Стојаногло има 25,87 отсто од гласовите.
Партијата на социјалистите на Молдавија, од која беше номиниран поранешниот јавен обвинител, одби да ги признае резултатите од гласањето на странските избирачки места, благодарение на што Санду беше прогласен за победник на изборите.
Кога станува збор за молдавскиот проруски региони, во неговата родна Гагаузија, населена со христијанизирано туркофоно население Стојаногло освоил речиси 96 а Санду само 4,15 осто од гласовите. Во одметнатиот проруски регион Придњестровје, пак, Стојаногло освоил 79,40 а Санду 20,60 отсто.
Во првиот круг од изборите Санду доби 42,45 отсто од гласовите, Стојаногло 25,98 отсто. Во вториот круг ќе победи кандидатот кој ќе добие најголема поддршка од гласачите Во првиот круг од изборите Санду доби 42,45% од гласовите, Стојаногло – 25,98%. Во вториот круг ќе победи кандидатот кој ќе добие најголема поддршка од гласачите.
Актуелната претседателка на Молдавија се придржува до политиката на евроинтеграции, санкции против Русија и заострување на контролата врз медиумите под изговор за борба против дезинформации. Стојаногло, пак, е фокусиран на одржување прагматични односи со Москва, иако ја поддржува интеграцијата со Европа. Тој вели дека ја препознава важноста на Русија за молдавската економија и ја гледа како важен партнер со кој треба да се одржува стабилна соработка за да се избегнат негативните последици од санкциите и кризите.
Во понеделникот во врска со изборите во Молдавија се огласи и руското Министерство за надворешни работи во чиајшто оценка се нагласува дека претседателските избори на кои победи проевропската претседателка Маја Санду, биле „најнедемократските“ во постсоветската историја на земјата.
Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, рече дека исходот, во кој Санду обезбеди победа во голема мера благодарение на поддршката на Молдавците во дијаспората, откри „длабок јаз“ во молдавското општество.
„Не би било претерано да се каже дека ова беше најнедемократската изборна кампања во сите години на независноста на Молдавија. Ова е невидена репресија на властите врз опозицијата и независните медиуми, пред се медиумите на руски јазик и отворено мешање на Западот во изборниот процес“, објави Захарова на веб-страницата на Министерството.
Додаде дека поларизацијата е предизвикана од „краткогледната политика на лидерите на земјата и очигледното мешање на Западот“.
Санду долго време ја осудува руската инвазија на Украина и ја обвини Русија за заговор за соборување на нејзината администрација.
По првиот круг од изборите минатиот месец, таа се пожали дека Москва наводно ги подмитувала гласачите да гласаат против неа и против членството на Молдавија во Европската унија на референдумот што помина со исклучително тесно мнозинство, повторно по пресврот во аните утрински часови ден по гласањето кога беа пресметани гласовите од западноевропските избирачки места.