Опозицијата во Тирана тврди дека Артан Груби бил преведувач во „Жолтата куќа“?!

Додека македонската јавност е во исчекување дали лидерот на ДУИ Ахмети може да биде обвинет за злосторства на УЧК на Косово, вториот човек на Демократска партија во Албанија, Еди Палока, го спомена првиот вицепремиер во македонската влада, Артан Груби, како човек кој правел преводи во озлогласената „Жолта куќа на североисток од Албанија каде што се ваделе органи на заробеници од Косово, објави Експрес.

Палока кој се обрати до албанската влада која ја води социјалистот Еди Рама вели дека целата шема за измама која била поставена против Љулзим Баша, не успеала.

„За Еди Рама и сите ваши платеници, подолу се сите одговори што ги криете и нема да ги слушнете: Дека вие и руското Министерство за надворешни работи сте единствените кои сè уште зборуваат за Жолтата куќа. Од снимката што вашиот сведок ја даде на Би-Би-Си во присуство на Даш Пеза, не е Љуљзим Баша. Дека преведувач во Жолтата куќа бил Артан Груби, а не Љуљзим Баша.
Дека Љуљзим Баша, како што изјави обвинителот на ЕУЛЕКС, НИКОГАШ не бил дел од каква било истрага против ОВК. Дека, како што изјави и вашиот пријател Батон Хаџиу во „Мислење“, тврдењето дека Љуљзим Баша бил присутен во апсењата на командантите на ОВК е лага“ изјавил Палока на прес конференција во Тирана на која на Еди Рама му порача дека направил многу штета на Косово, и направил многу валкана работа за војната на ОВК за да ги скрие своите неуспеси.

„Доаѓа денот да дадеме отчет за сите ваши неуспеси и угнетувања на сметка на Албанците!“, изјави Палока.

Според медиумските извештаи претежно од Србија кои се повикуваа на сведоци и меѓународни организации во таканаречената „Жолта куќа“, таму се се случувале активности против хуманоста, а според дел од извештаите се ваделе органи од живи српски и други затвореници.

За ова злосторство против човештвото прв пат проговори екс хашката обвинителка Карла Дел Понте во своја книга во 2008 година, а случајот освен српското обвинителство го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа Дик Марти.

Се чека реакција на првиот вицепремиер во Владата на Заев, Артан Груби, за неговата улога во случајот што го потресе регионот.