Опозицијата жестоко реплицира за новото задолжување поради „непредвидени работи“ на автопатот Кичево – Охрид

Кинезите направија 880 километри за три месеца, вие не можете два километра преасфалтирање на делница да направите, порача во вторникот на собраниската седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, а неговата сопартијка Ане Лашкоска посочи дека Сугарески и владејачката СДСМ ја задолжуваат земјата со дополнителни 180 милиони евра за „непредвидени работи“ за автопатотот Кичево – Охрид.

„Да ве прашам дали вие министре знаете колкава е материјалната штета од ненавременето санирање на свлечиштата, одроните и оставање на објектите во тек на градба? Второ, дали знаете колку жртви, колку повредени и колкава е материјалната штета од случените околу 90 потешки сообраќајки случени на овој пат или точно да ви кажам 87 сообраќајки на патот Кичево Охрид за кои причина е немањето на светлосна вертикална и хоризонтална сигнализација на патот како и ненавременото санирање на премините од едната на другата страна на патот“, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски.

Деспотовски посочи дека тој уште на почетокот дал поддршка за анексот на договорот за обезбедување на средства за продолжување на автопатот Кичево-Охрид, нагласувајќи дека обврска на владата на СДСМ а и на Сугаревски како министер е да продолжи со реализација на мерките и проектите се со цел добро за граѓаните.

Според него, Владата на СДСМ изгубила три години за овој автопат, а на сметка на соспствената неспособност за завршување на автопатот ги навредиле и професорите од Градежниот факултет како и надзорот на автопатот, укажувајќи дека Сугаревски не може да биде постручен од нив.

Што се направи? Сега е многу лоша ситуацијата и можеби и поскапо ќе биде и се ќе биде полош, а изгубивме три години а може ќе изгубиме и уште три со оваа динамика со која вие настапувате. Исто така ги навредивте деканот и професорите од градежниот факултет бидејќи тие го изработуваа проектот, ги навредивте и надзорите на проектот. Не можете вие да бидете постручни од нив, рече пратникот.

Депспотовски потенцираше дека кинезите изградиле 880 километри автопат само за три месеци, додека владата на СДСМ не може да направи 2 километра преасвалтирање на некоја делница. Кога Кинезите направиле 880 километри автопат за три месеца, овде двакилометри преасвалтирање на делница не можат да се направат, смета опозицискиот претеник.

Министерот Сугарески беше истиот човек којшто во 2014-та кога носевме закон за земање заем за овој проект скокаше од говорницата, сега истиот тој нѐ убедува да се задолжиме дополнително затоа што владата не успеа да го сработи проектот за трасата, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска од собраниската говорница.

„Денеска е на дневен ред Предлог законот за измени и дополнувања на законот за инфрастуктурни проекти за изградба на патната делница Кичево-Охрид, кој министерот Сугарески збунето лани се обудуваше да го брани, на „најспособната“ влада во историја на Република Македонија и беше потребна цела година да пушти закон во собрание за гаранција на Република Македонија на обврските по заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, истакна Лашкоска и додаде:

Потесети дека своеверемено „театар имаше на левата страна од Собранието“, каде што седеше и Сугарески и претставници на СДСМ во моментот кога се носеше Законот за заем за изградба на автопатот Кичево-Охрид со најголема забелешка за каматната стапка од 2 отсто на годишно ниво за договорот со Експорт-Инпорт банката на Кина. Сега, како што предочи Лашкоска, Сугарески излегува дека истата каматна стапка од истата банка била одлична идеја

Имено, според Лашкоска, владата во образложение ни наведува дека зема кредит за непредвидени работи во текот на работата со изградбата на делницата и ова е откритие за СДСМ дека за свлечишта или за широк ископ, повлекување земјени работи, само човек што нема сработено не предвидува дека ќе има провлекување на вакви работи во текот на изградбата.

Рече дека кога СДСМ е на власт во Македонија не сработуваат ништо, лажат и повторуваат едно исто, но вистината излегува на виделина.

За овој проект на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека е промашена трасата, само граѓаните и економијата трпат штета од ваквото неработење и функционирање на оваа влада. СДСМ треба да се извини на граѓаните на Република Македонија затоа што не успеа за три години да го продолжи со работа на штета на граѓаните, дополни таа.

Овој заем е само еден од ред на задолжувања, којшто ги има направено оваа влада, за последните четири месеци ја задолжија оваа држава за 270 милиони евра, а министерката Нина Ангеловска со пет задолжувања откако е министер, а ниту еден капитален проект.