– Камерон имаше шест години (од моментот на доаѓањето на власт) за да ја каже вистината пред Парламентот и народот, но тој не го стори тоа. Оди си лицемеру, напиша на Твитер лабуристот Џон Ман, член на Специјалната фискална комисија во Парламентот.
Заменик-претседателот на Лабуристичката партија Том Вотсон го повика Камерон да му ги врати на Министерството за финансии сите средства, кои ги добил благодарение на сопственоста на офшор компании.
Лидерот на партијата Либерални демократи, Тим Фарон остро ги критикуваше активностите на Камерон, нагласувајќи дека тие ја поткопуваат верата во политичките лидери.