Ацо Кабранов преку Либертас индиректно го прогласи американскиот амбасадор за корумпиран политичар кој за пари договара средби. Според тезите на Либертас, кој било политичар или бизнисмен би можел за 54 000 долари (колку што чинел договорот на ПР агенцијата) да си обезбеди прием од американскиот потпретседател кога и да посака. Така на пример со 150 000 евра, по математиката на Кабранов, Вицето може до избори да си уплати 3 приеми кај Бајден.
Аналитичарот на СДСМ, Ивор Мицковски излезе со тврдење дека проблемот е во тоа што американските политичари пред заминување застранувале во политиките и станувале попустливи.
Зоран Бојаровски, во недостиг на други аргументи, се обиде како јасновидец да ги толкува погледите на членовите на делегацијата на американскиот потпретседател. Според него, тие зборувале се. Немало потреба од дискусија. Соопштението од средбата би гласело “Бајден го погледна Груевски”.
На крај…