На крај кога не можеше веќе да се живее во виртуелната реалност дека Груевски е „итно повикан на шокантна средба“, туку дека премиерот на Македонија побарал и веднаш добил средба со заменикот на Барак Обама, започна враќањето во реалноста. Плусинфо се обиде да ја шокира јавноста со веста дека премиерот не останува во САД, туку ќе се враќал во Македонија.
Тажно соочување со реалноста имаше и сопственикот на ПлусИнфо и еден од идеолозите на опозицијата Бранко Героски. Долгогодишниот новинар својата депримираност од враќањето на Премиерот Груевски во Македонија ја срочи резигнирано, прифаќајќи дека изборите сепак ќе се одржат на 24 април и покрај насоките од Бихаќка до своите медиумски мегафони да работат на нивно одложување:
Се започна…