Уште најмалку 5 пратеници веќе ја информирале централата на Бихаќка дека се враќаат на работа во Собранието. Како што дознава Максим од партиски извори заедно со Буралиева и Роза Топузовска Каревска бројот на пратеници кои му откажаа послушност на Заев веќе достигнал 7.
Сѐ уште без конечна одлука е пратеничката Солза Грчева, која јавно кажа дека не се согласува со политиката на бојкот на СДСМ. Во меѓувреме, раководството врши силен притисок врз остнаатите пратеници во намера да обезбеди поддршка за своите ставови.
Во СДСМ денеска молк. Портпаролот на партијата не одговара на својот телефон за да ги потврди или демантира овие информации.