Опозициска хајка против обвинителката Гешковска

Поранешната новинарка на А1 телевизија, Билјана Секуловска, во текст објавен на НОВА ТВ, со наслов „Гешковска, оди си дома“ жестоко ја напаѓа обвинителката која храбро се соочи со обвинетите од случајот „Монструм“.

„Последниот случај на обвинителката Гордана Гешковска „Монструм“ и нејзините завршни зборови со кои ја крена јавноста на нозе не ја поколебаа да продолжи да го практикува апсолутизмот, онаа апсолутна моќ која смета дека ја поседува и на која никој не смее да се спротивстави, кога станува збор за нејзината професија, пред која дури и боговите мора да молчат, пишува Секуловска.

Со ваквите пишувања се согласува и поранешната раководителка на Хелсиншкиот комитет, Мирјана Најчевска, која дури и се заканува дека судиите и јавните обвинители кои го прекршиле законот долго седеле во затвор.

„Судските одлуки се коментираат. Судиите и јавните обвинители се повикуваат на одговорност. Судиите и јавните обвинители одговараат за сторени прекршувања на законот. Судиите и јавните обвинители кои го прекршиле законот седат во затвор. Долго“, напиша Најчевска.

Ваквиот став на Најчевска, кој претставува закана до обвинителката која храбро се соочи со терористите кои егзекутираа деца им се допаѓа на Ѓунер Исмаил,  поранешен министер за култура и портпарол во една од владите на СДСМ, Магдалена Нестороска- кандидат за пратеник и советник во Општина Карпош од СДСМ, како и Африм Гаши- човекот кој повикуваше на протести за отстранување на споменикот на Цар Душан во Скопје.

Обвивинителката Гешковска во изјава за Дојче Веле вчера рече дека секој има право на протест, но вакво насилство не може да се одобри.

„Целта е преку ваков притисок осудените да не одговараат кривично. Дефинитивно, ова е напад на судот како независна институција. Никој нема право да ги коментира судските одлуки, а не, пак, вака да се однесува. Ова е пресуда на првостепен суд. Осудените имаат право на жалба и на постапка пред повисоките судови. Тоа се чекорите што можат да се преземат. Преку насилство ништо не се решава“, велии Гешковска за „Дојче веле“.