Не престанува сеењето говор на омраза и креирањето тензии од страна на опозициските експоненти. Во својата колумна насловена како „ВМРО да се ИСКОРНЕ од македонската држава“ Мирослав Грчев, скандалозно, користи изрази полни со омраза против цела македонска држава.
-Единствен пат за обновувањето на македонската демократија и култура е дератизацијата, дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата на сите институции на државата и општеството од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Грчев во колумната објавена во Слободен печат на Бранко Героски.
Инаку, Грчев води политичка битка во име на СДСМ и во колумната бара ВМРО да биде фрлено во буниште.
-Фашистичкиот вмровски ген мора да се искорне од телото на македонската држава и да се фрли на буништето на историјата, дополнува Грчев.
Инаку, ширењето говор на омраза веќе стана секојдневие во реториката на опозициските експоненти, кои се погласно застануваат во служба на опозицијата, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска.