Судот го прифати барањето на јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и од Скопје и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.
Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и осомничените Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, добија 30 дневен притвор откако доцна вечерта во вторникот повторно во Кривичниот суд беа изведен пред судија на претходна постапка.
Претходно Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.
Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.
„Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил ‘ситроен’ за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените.
На 27-ми ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето,. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата Вања Ѓорчевкса, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот „ситроен’, соопшти вечерва Обвинителството.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вонредната прес конференција вечерва соопшти дека во Турција е уапсен и првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.