По распитот кај судија на претходна постапка, на бизнисменот Јордан Камчев му е определен притвор во траење од 30 дена по барање на обвинител од Радовиш, наводно поради случај со купување плацеви на Водно, во кој тој е четвртоосомничен.
Камчев беше приведен утрово во полициската станица во Карпош по пријава за наводно изборна измама, од каде потоа беше спроведен во Кривичниот суд, по наводна информацијата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека бизнисменот наводно планирал бегство надвор од државата. Засега не
Засега нема информација за тоа врз основа на кои и какви сознанија АНБ утврдила дека Камчев се подготвува да избега од земјата. Особено имајќи предвид дека има предадени веќе два пасоша во обвинителството, а е ангажиран и на прокетот за проширување на капацитетите на приватната клиника „Аџибадем Систина“ во која има сопственички удел.