Државните институции започнаа офанзива против криминалната империја и дали со тоа јавноста конечно ќе биде сведок на нејзиниот крах, која нанесе големо зло на македонските граѓани.
Според непотврдени информации, во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и Управата за јавни приходни, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар. Засега она што се знае е дека се одзема големо количество документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси.
На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми кои функционираат во систем на криминална пирамида која најверојатно излегува и преку државните граници, велат изворите на Нетпрес.
Она што, исто така, засега е познато е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен Буџетот на државата за неколку десетици милиони евра. На неколку локации можело да се забележи и присутвото на лица за кои се мислеше дека и понатаму ќе бидат недопирливи за инситуциите на државата.
Неофицијално станува збор за удар на полицијата на струмичката империја составена од блиски луѓе на поранешниот премиер Зоран Заев. Се работи за афера тешка неколку десетици милиони евра, а акцијата е насочена кон Ристо Крмзов кој е близок до семејството Заеви. Сомнежите се за милионсло даночно затајување, перење пари, прикривање дока,и. Под полициска опсада е и позната Вила парк-Струмица.
Претходно годинава беше објавен податокот дека околу 32 милиони евра изнесува добивката на најголемите градежни фирми чија основа на бизнисот е изградба на згради за колективно домување во 2023 годинав. Од тоа фирмата „Крмзов-МР“, на струмичкиот бизнисмен Крмзов, кој гради станбени комплекс, има убедливо најголема добивка од повеќе од 9 милиони евра.
Во овој случај се очекува и расплеткување на клопчето со проневерите на Еуростандард банка. Акцијата е во тек, а институциите кои ја кординираат акцијата се Министерство за финансии, Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи.
По пропаста на Еуростандард банкам сопственикот Трифун Костовски посочи дека загубата од над 60 милиони евра е последица на договори на бизнис кругот околу тогашниот премеир Зоран Заев и раководството на банката без тој да ги знае дубиозите.
Костовски тогаш изјави дека нарачал истрагата со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. На прашањето дали има сознанија каде завршувале парите што биле земени како кредити без покритие, рече.
„Најголем дел завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат со од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката“, рече тогаш Костовски и притоа алудираше на Крмзов, но рече дека со него немал никаква врска.
„За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните дванаесет месеци пред самиот стечај. Сѐ уште не ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка. Дали блискоста на Петкоски со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен? Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени“, рече тогаш Костовски.