Општина Аеродром ќе набави „,метларки“ за половина милион евра од фирмата на Анѓушев

480 илјади евра или речиси 30 милиони денари вреди договорот за набавка на метларки кој градоначалникот на скопската оштина Аеродром, Златко Марин го склучил со компанијата „Брако“ на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Дека Марин ќе мете со Анѓушев за половина милион евра низ Аеродром потврдува и договорот кој беше објавен на социјалните мрежи.

Од него може да се забележи нетипичното наведување точно какви машини треба да се набават. Па во основниот договор е наведен член каква техничка спецификација треба да се исполни, по што нормално компанијата на Анѓушев експрено ја исполнила и добила набавката.

Зошто токму сега и зошто е нацртано со детали какви машини се набавуваат и дали тоа преставува преудицирање кој да го добие темдерот сеуште нема одговор.

Познато е дека претходно градоначалникот Марин склучил два договоаи со вредност од над три милиона денари за аудио опрема, осветлување и лед екрани со цел оддржување манифестации и настани во услови кога тие се забранети поради корона кризата.