Децата од градинките и учениците од основните училишта од Општина Аеродром учествуваа на вториот Скопски цветен фестивал што се одржа на 16-ти и 17-ти мај во Градскиот парк под мотото „Следи ја играта на цветот – помести ги границите!“.
Учениците во Градскиот парк учествуваа на најразлични креативни работилници, се забавуваа со музика и аниматори, аеробик, цртаа, ја проследија изложбата на мини-градини од повеќе производители на цвеќе.
Фестивалот го организираше Град Скопје, односно ЈП „Паркови и зеленило“.
Целта на оваа манифестација е да се промовира одгледувањето цвеќе и на едно место да се соберат сите љубители на цвеќето и природата.