Исечени дрвјата на улицата „Ѓорги Пешков“ во скопско Дебар маало.
Жителите од оваа улица утрово беа изненадени од сликата. Дрвјата стари десетици години повеќе ги нема. Со моторни пили се сечеа старите стебла, пишува порталот „Република“.
Жителите од улицата бурно и со големо негодување реагираат на немилосрдната сеча.
„Која е причината да се исечат дрвјата. Тоа се стари дрвја, ги паметам уште како дете дека беа тука. Правеа неверојатна сенка, ја разубавуваа улицата и даваа посебен белег на маалото. Утрово слушнав моторни пили. Кога искочив бев запрепастен. Се прашувам каде се сега тие ’паркобрани’? Каде е еден од нивните организатори, кој беше најгласен за време на сечењето на дрвјата кај хотелот ’Бристол’. Сега се обезличува неговото маало, неговата улица а тој е нем. Живее тука, две куќи подолу. Никаде го нема. Туѓото го браниме, нашето го даваме. Или тука нема политички интерес за да се излезе на улица и да се прави врева“, коментира жител на улицата „Ѓорги Пешков“ во скопско Дебар Маало.
ФОТО: republika.mk