![1A2CE449-E2A8-457D-AB7C-DB6D6153AAF1_cx0_cy0_cw99_w1023_r1_s](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/1A2CE449-E2A8-457D-AB7C-DB6D6153AAF1_cx0_cy0_cw99_w1023_r1_s.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Mинистерството за образование да донесе решение за прекин на училишната настава на неодредено време, а Владата да ја разгледа можноста за скратување на работното време за државната и јавната администрација, бара Општина Дебар по новите регистрирани случаи на заболени од коронавирус.
На вонредна седница на Советот одржана доцна синоќа побараа и засилување на здравствената помош како заштитна опрема и персонал.
„Министерството за здравство итно да го зголеми бројот на здравствени работници во Центарот за јавно здравје во Дебар (епидемиолог, технички здравствен персонал). Санитарниот инспекторат треба да ги зголеми контролите врз хотелските капацитети за нивото на дезинфекција. Министерството за внатрешни работи да ги зголеми мерките и контролите со професионална опрема на граничните премини на регионот на Дебар“, се вели во соопштението.
Вонредната седница доаѓа откако вчера три од осумте лица кои се тестираа за коронавирус покажаа позитивни резултати. Станува збор за членови на семејството на сопружниците од Дебарско, кои од петокот се во домашна изолација, а сега ќе одат на лекување на Инфективната клиника во Скопје.