Општина Гази Баба подели бесплатен училишен прибор на 300 семејства од социјален ризик

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информираше дека општина Гази Баба подели бесплатен училишен прибор на 300 семејства од социјален ризик.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

ОБЕЗБЕДИВМЕ БЕСПЛАТЕН УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА 300 УЧЕНИЦИ ОД РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ НА СЕМЕЈСТВА.
Нема поубаво чувство од тоа кога знаеш дека со твојата постапка си причината за детската среќа, бидејќи нема поискрено нешто од детската насмевка.
Ова утро со претседателката на Советот во просториите на општината бевме домаќини на голем број дечиња на кои им посакавме успех во новата учебна година и им подаривме училишен прибор.
Како локална самоуправа оваа година за прв пат обезбедивме бесплатен училишен прибор за ученици од 300 семејства на територија на општина Гази Баба кои потекнуваат од различни категории на семејства. Ги опфативме дечињата кои се од многудетни семејства, семејства во социјален ризик и други.
Дополнително општина Гази Баба, како минатата така и оваа учебна година доделува еднократна финаниска помош во висина од 3000 денари за секое семејство кое ќе има запишано прваче. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите семејства кои имаат прваче да аплицираат.
Со задоволство можам да кажам дека во завршна фаза е постапката за избор на економски оператор за набавка на училишни униформи кои за сите 6800 ученици ќе бидат бесплатни.
Посакувам сите ученици да имаат здравје, среќа и успех во новата учебна година. – напиша Стефковски.