Општина Гази Баба со директна помош за Словенија која е погодена од големи поплави

Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски:

Попладнево одржав средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

На средбата се информирав за состојбата во која се наоѓаат најпогодените места во Словенија, а вооедно истакнав дека општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе, подготвени да помогнат на засегнатите граѓани.

Согласно разговорот од средбата, ја информирам јавноста и граѓаните дека ќе поднесам иницијатива до Советот на општина Гази Баба за доделување на финансиска помош за Република Словенија, а во консултација со надлежните институции ќе ја разгледаме можноста за испраќање на два тимови кои ќе помогнат во справувањето со последиците.

Хуманоста и солидарноста се водилка во нашата работа. Република Словенија ја покажа својата хуманост и солидарност со директна помош во 2016та година, кога нашата Гази Баба беше погодена од поплава која нанесе сериозна материјална штета, а за жал однесе и човечки животи.

Општина Гази Баба не заборава кој подал рака, тогаш кога ни било најпотребно.