Општина Градско ќе добие нов локален пат

Во општина Градско денеска ќе стартува изградба на локален пат до населеното место Подлес.

Изградба на овој патен правец е финансирана од Програмата за рурален развој за 2013 година.

На означувањето на почетокот на изградбата на локалниот пат ќе присуствуваат заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски и градоначалникот на општина Градско Жанета Чаушевска.