Општина Илинден добива нов здравствен дом

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности на капиталниот проект за изградбата на нов здравствен дом, каде жителите од Илинден, после речиси поволина век добиваат модерен објект во кој ќе биде сместен здравствениот дом.

Новиот здравствен дом ќе зафаќа бруто површина од околу 600м2, ќе биде изграден на два ката, два влеза (преден и заден влез), две чекални, два шалтера, четири тоалети и 14 ординации. Во надворешниот дел ќе се обезбеди паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување.

ако што изјави градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски со изградбата на здравствениот дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги во местото на живеење, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби. Градоначалникот Георгиевски додаде дека во новиот здравствен дом, покрај основната здравствена заштита ќе има можност и за други специјалистички здравствени услуги.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на реализација на проектите, со цел подобрување и обезбедување квалитетни услови за живот на граѓаните.