Општина Карпош без струја

Поливина Скопје е без струја поради испад во трафостаница.

„Поради испад во трафостаница без електрична енергија е поголем дел од Општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.
Од ЕВН не информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот“, се вели во објавата на Фејсбук на Општина Карпош.