Општина Кавадарци донесе Одлука за отпочнување постапка за преземање на МКК Еуроникел 2005 АД Кавадарци

Денес Советот на Општина Кавадарци донесе Одлука за отпочнување постапка за превземање на МКК ЕУРОНИКЕЛ 2005 АД Кавадарци. Со оваа одлука Советот на Општина Кавадарци дава согласност за отпочнување на постапка за превземање на машки кошаркарски клуб ЕУРОНИКЕЛ 2005 Акционерско друштво Кавадарци во целост без надомест, во 100 % сопственост на Општина Кавадарци со обврски во моментот на превземањето. Причина е тоа што врз основачот на МКК ЕУРОНИКЕЛ 2005 АД Кавадарци покрената е стечајна постапка.

Кавадарци за сите!, пишува јанчев во својата објава.