На 11-та пленарна седница, Советот на Општина Кисела Вода го донесе буџетот за 2014 година. Консолидираниот буџет на Општина Кисела Вода за 2014 година изнесуваат 961.080.000 денари. Приходите на буџетот на општината за 2014 година се планирани согласно направената анализа на историските податоци и досегашниот тренд на наплата на разните групи на приходи како и предвидувањата за очекуваните приходи од надоместокот за уредување на градежно земјиште, даноците на имот, донациите, блок дотациите за основните училишта и детските градинки и другите трансфери од буџетот на Република Македонија, како и буџетот на заеми за 2014 година. Најголемо учество во структурата на вкупните приходи во висина од 40 % имаат даночните приходи, неданочните приходи учествуваат со 8,5 %, капиталните приходи учествуваат со 21 %, додека со 30 % учествуваат приходите од трансфери и донации.
Планираните расходи на Општина Кисела Вода за 2014 година изнесуваат 961.080.000 денари и со тоа се запазува буџетското правило на балансирани приходи и расходи. Учеството на капиталните расходи изнесува 38 % со што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и одржување на постојната инфраструктура како и подобрување на вкупните јавни услуги. Во делот на расходите за стоки и услуги на кои отпаѓаат 28 % покрај тековните расходи за функционирање на општината се содржани и расходите за функционирање на буџетските корисници – ЈДГ и ОУ.
Во најголемиот дел, капиталните расходи се однесуваат на изготвување на проекти, изградба и реконструкција на улици и патишта, изградба на капацитети за водоснабдување, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води и изградба и реконструкција на јавно осветлување, изградба и реконструкција на детски и спортски игралишта и друго. Исто така, предвидени се средства за купување на опрема, а планирани се и набавки на разни видови урбана опрема, информатичка опрема и предвидени се и каптални расходи за одржување на чистотата и зелените површини во општината.
Блок дотациите за ОУ и ЈДГ во буџетот на Општина Кисела Вода се планирани во износ од 258.206.000 денари, односно во структурата на вкупниот буџет учествуваат со 27 %.
Расходите кои се однесуваат на резервите и недефинираните расходи преставуваат мал дел од вкупните расходи.
Покрај буџетот и одлуката за извршување на буџетот, на 11-та пленарна седница се изгласаа и одлуката за утврдување на предлог – Детален урбанистички план за реон Ј, четврт 08 Општина Кисела Вода Скопје, плански период 2013-2018, како неколку одлуки за утврдување на граници на плански опфат за вклопување на бесправно изградени објекти.