Пораст од 26,4 % во транспарентноста во однос на претходната година е регистриран кај Општина Кисела Вода. Истражувањето направено од Центарот за граѓански комуникации кое го одредува индексот на активна транспарентност на институциите, оваа година ја рангира Кисела Вода во највисоката категорија, т.е. многу добра со 85.5% од степенот на исполнетост на обврските.
Објавувањето на информации на сопствена иницијатива, почитувањето на законскиот рок за доставување на одговори, обезбедувањето на пристап до законски предвидените информации за надлежноста, услугите и за тековните проекти, буџетската и финансиска транспарентност, редовното ажурирање на општинската веб страница, се само дел од критериумите на истражувањето кое ја позиционираше Општина Кисела Вода во првите три скопски најтранспарентни општини.
Целосната транспарентност, отчетност и одговорност на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општинската администрација се насоката по која Кисела Вода ќе се движи и во периодот што следува. Првите резултати се видливи, статистички мерливи, а најголемиот бенефит веќе го чувтвуваат граѓаните, за кои, за разлика од порано, вратите на општината се секогаш отворени.