Општина Куманово бара прогласување кризна состојба во градот

Бараме од Владата на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, наведено е во соопштението на Општина Куманово, по завршувањето на денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. 

„Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста Ковид-19. Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот. Исто така, бараме во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција од страна на управителите на станбените згради на територија на општината“, наведено е во соопштението.