Општина Ѓорче Петров објави оглас за распределба на средства во спортот

Општина Ѓорче Петров објави оглас за распределба и доделување финансиски средства за поддршка на спортски манифестации, спортски клубови и спортисти.

Јавниот повик ќе овозможи јавно и транспарентно распределување на средствата, согласно условите кои се потребни за конкурирање и добивање одредена финансиска помош.

Апликацијата се состои од потполнување на пријава и проектна пријава, а рокот за аплицирање трае до 20.10.2023 година.

Сите подетални информации и преземањето потребни документи може да се разгледаат и преземат на следните линкови:

-Jавен оглас: http://opstinagpetrov.gov.mk/…/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5…

-Пријава: http://opstinagpetrov.gov.mk/…/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%98…

-Проектна пријава: http://opstinagpetrov.gov.mk/…/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5…

Општината првпат објавува јавен оглас за финансиска поддршка на спортот, спортски здруженија и спортисти на територијата на Ѓорче Петров. Оваа локална самоуправа продолжува активно да работи во насока на развој на спортот и успех на спортистите од општината.