Општина Ѓорче Петров овозможува бесплатни офталмолошки прегледи за првачиња

Општина Ѓорче Петров, втора година по ред, во соработка со ПЗУ Европска Очна Болница, дел од групацијата Санте Плус ќе овозможи бесплатни офтамолошки прегледи за сите дечиња кои треба да се запишат во прво одделение.

Сите родители кои имаат првачиња за запишување во основно образование, на територија на нашата општина, потребно е да се најават на телефонскиот број 02 20 50-999 или на 070/309-126.

Прегледите ќе се одвиваат од 14 до 15:30 часот во просториите на болницата.