Општина Прилеп организира летен „Prilep OUTLET Weekend“

Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, на 25ти и 26ти август, Прилеп се подготвува за летeн by Night „Prilep OUTLET Weekend“.
Во него веќе се вклучија над 200 трговци и угостители кои на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак од настанот, за купувачите да знаат каде да пазарат и како да бидат услужени. Настанот предизвикува голем интерес, особено кај купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп и овој пат два дена, на „Prilep OUTLET Weekend“ ќе понуди шопинг забава и евтино купување на брендови.

Прилепските трговци велат дека попусти ќе има до 50% на секој ќош, но прилепската чаршија ќе понуди и нови шопинг изненадувања By Night. Продавниците ќе работат до 22 часот, двата дена за време на настанот.
Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

На „Prilep OUTLET Weekend“, производи ќе има за сите муштерии, а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од Регионот и Македонија, од 08:00 до 22:00 часот.

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира по втор пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.