Со наближувањето на пролетта, се отвора и официјално градежната сезона, со што се создаваат можности за решавање на низа инфраструктурни и комунални проблеми во градот, се вели во известувањето на Општина Штип
„За таа цел, Општина Штип и градоначалникот Илчо Захариев, ги охрабруваат граѓаните на Штип, да ги пријавуваат проблемите кои ги имаат користејќи соодветни инструменти за комуникации. Доколку се соочуваат со проблеми во лоаклната патна мрежа, урбанистички проблем, комунално-инфраструктурен проблем, проблеми со улилчното осветлување и слично, потребно е да ја известат локалната самоуправа, со цел евидентирање на проблемот и создавање на соодветна листа на ургентни проблеми за решавање,“ апелираат од Општина Штип.
Проблемите можат да се пријавуваат директно до раководителите на Сектори во Општина Штип, до директорите на јавните претпријатија, или во општина Штип, на телефон 032/22 66 00. Доколку се работи за комунален проблем, на телефон 032/22 66 35, понатаму ако станува збор за проблем поврзан со оштетување на локалните патишта и потреба од санација, тоа да го пријават на телефонските броеви 032/22 66 55 или 078/473-116.
Како што е познато, доколку не можат да дојдат во Општина Штип, тоа можат да го сторат искористувајќи ја апликацијата „Пријави проблем“ која неколку години функционира на веб страницата на Општина Штип (www.stip.gov.mk) или конкретно на линкот: