Општина Тетово плаќа адвокат со 5.000 евра месечно

Општина Тетово плаќа адвокат со 5.000 евра месечно додека пожарникарите и вработените во ЈКП Тетово со месеци остануваат без плати и надоместоци.

Ова преку статус на Фејсбук го откри Аријанит Џафери од Еко Герила.

-Додека пожарникарите и вработените во ЈКП Тетово со месеци остануваат без плати и надоместоци, Општина Тетово плаќа хонорар од 5.000 евра месечно на адвокат од Скопје.

Кое кривично дело требаше да го сториш за да платиш 5000 евра месечно за адвокат?

Зошто има потреба од адвокат од Скопје? Дали Тетово нема адвокати, прашува Аријанит Џафери од Еко Герила преку својот Фејсбук профил.