Општината Радовиш доби современа конгресна сала

Со присуство на голем број гости денеска во во употреба беше  новата „Сала на Советот на општина Радовиш“.

„Она што му недостасуваше на градот Радовиш и локалната самоуправа веќе се оствари со проектот „Сала на советот на општина Радовиш“, Радовиш после дваесет години доби современа конгресна сала – комплетно ентериерно преуредена со комплетна мултимедијална техничка опрема. Оваа современа конгресна сала покрај одржувањето на седниците на Советот на општина Радовиш ќе биде во корист на сите граѓани и институции од општина Радовиш“, истакна градоначалникот Сашко Николов.

Претседател на Советот на општина Радовиш, Никола Миовски додаде дека конечно општина Радовиш доби еден простор за работа кој одговара за денешните потреби, во кој покрај одржувањето на Седниците на Советот ќе има можност и простор да се организираат различни Форуми Презентации и други состаноци.