Општините може да останат без струја, Арсовска: Ова се проблеми на граѓаните не на општините

ЗЕЛС три месеци чека одговорот од Владата за предлог мерките за справување со енергетската криза. Постои опасност административните згради да останат без струја. Од денеска до среда, скопската градоначалничка Данела Арсовска, ќе седне на маса во Владата.

„Најпогодени се најмалите општини, кои немаат дополнителни ресурси да се справат со енергетската криза. Неопходно е да се разговара како да се надминат овие проблеми. Ова се проблеми на граѓаните не на општините. Граѓаните ќе не можат да си ги решаваат проблемите во општините.“, рече Арсовска.

Повеќето од општините, наскоро остануваат без пари за да платат електрична енергија.